Македонија Полицискиот час минатата ноќ не го почитувале 133 лица, МВР им изрекла...

Полицискиот час минатата ноќ не го почитувале 133 лица, МВР им изрекла казни на сите

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на изминатото деноноќие евидентирало дека 133 лица не го почитувале полицискиот час, од кои најмногу во Скопје (44). Поради непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 5 часот, биле приведени 26 лица, против 33 лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, за тројца – прекршочни пријави, додека пак 71 лице се опоменати.

„Покрај ова, во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени 152 контроли во угостителски и други објекти при што само во еден случај (угостителски објект во Охрид) било евидентирано непочитување на мерките на владата, а објектот е затворен“, соопштуваат од МВР.

Од МВР информираат дека во периодот од 26 февруари до денес издадени се 1.105 решенија за изолација, додека пак 8.709 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од Основното јавно обвинителство само во текот на денешниот ден информираа дека поднеле кривични пријави против 10 лица на Арачиново, Куманово, Битола, Охрид, Штип и Кочани поради непочитување на мерката за задолжителна самоизолација.