Македонија Полицијата вчера изрекла 330 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, 140 за...

Полицијата вчера изрекла 330 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, 140 за недавање предност на пешаци

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР), соопшти дека вчера продолжиле засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на градот Скопје, полицајците изрекле вкупно 330 мерки, меѓу кои за недавање предност на пешаци 140 санкции, возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за технички неисправни возила.

Изречени се и четири мерки за возач почетник, седум санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на црвено светло, како и 26 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, порачува МВР.