Македонија Полицијата вчера фатила 16 автобуси и комбија со неисправни кочници

Полицијата вчера фатила 16 автобуси и комбија со неисправни кочници

Вкупно 177 возила биле испратени на вонреден технички преглед, а исто така биле констатирани уште 173 сообраќајни прекршоци

Фото: Архива на Мета.мк

При акциска контрола на автобуси и комбија за јавен превоз на патници, полицијата вчера утврдила дури 54 прекршоци во полето на техничката исправност, од кои 16 биле возење со неисправни уреди за сопирање, соопшти МВР.

Акциската контрола била спроведена во периодот од 9 до 14 часот на територијата на целата земја. Вкупно 177 возила биле испратени на вонреден технички преглед, а исто така биле констатирани уште 173 сообраќајни прекршоци.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. Навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци“, порачува МВР.