Свет Европа Поголемиот дел од градот Соледар е под руска контрола, објави британското Министерство...

Поголемиот дел од градот Соледар е под руска контрола, објави британското Министерство за одбрана

Извор на фотографија: Укринформ

Британското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили предводени од борците од „Вагнер Груп“ најверојатно во изминативе четири дена успеале да го стават под контрола поголемиот дел од градот Соледар, којшто се наоѓа северно од градот Бахмут во Донецкиот регион, пренесува Гардијан.

Руските сили направиле тактички напредок во изминативе четири дена, но жестоките борби во Соледар, кои идентично како и во Бахмут, продолжуваат. Британскиот Форин офис соопшти дека двајца британски државјани исчезнале на 6 јануари, додека патувале од Краматорск кон Соледар, пренесува Гардијан. Станува збор за лица кои им помагале на локалното население да се евакуираат од населените места погодени со најжестоки борби.

Укринформ пренесува дека во изминатово деноноќие најмалку четири лица загинале, а 30 цивили се повредени како резултат на руските воени дејствија на целата територија на Украина. Повредени и загинати лица од руските ракетни напади се регистрирани во регионите Херсон, Миколаив, Донецк и Харкив.