Свет Европа Поголеми даноци за Британците како последица од Брексит

Поголеми даноци за Британците како последица од Брексит

Британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн, денеска изјави дека Велика Британија ќе мора да ги зголеми даноците и да ја намали јавната потрошувачка за да одговори на новите економски предизвици откако граѓаните донесоа одлука за напуштање на ЕУ.

Тој изјави дека на Велика Британија по Брексит нема да ѝ „цветаат рози“ надвор од ЕУ и дека е клучно да се обезбеди финансиска стабилност на земјата и да им се покаже на граѓаните и на светот дека британската влада може да живее во границите на своите можности.

Пазарот, како што наведе Озборн, ќе се движи горе-долу, а Велика Британија ќе биде во период на пролонгирано економско прилагодување.