Македонија Поглаварот на ИВЗ доби ултиматум од 72 часа да си даде оставка

Поглаварот на ИВЗ доби ултиматум од 72 часа да си даде оставка

Фото: Арбнора Мехмети

Скендер Бузаку денеска му постави ултиматум на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), реисот Сулејмани Реџепи во рок од 72 часа да си замине во ИВЗ, во спротивно, како што рече ќе објавел докази и факти за криминални активности, кои ги означи како тешки кривични дела.

Пред седиштето на ИВЗ  Бузаку постави часовник со кој се одбројуваат 72-та часа.

– Денеска сме пред вратите на ИВЗ узурпирана од Сулејман Реџепи правно од 2011, а од 2019 и реално. Тука сакам да пренесам две куси пораки. Со првата ги повикуваме сите професори, теолози, оџи кои биле протерани од страна на Сулејман Реџепи, во иднина тие ќе бидат вклучени, но и сите други кои се внатре, а кои немаат криминал им даваме збор дека никој нема да загуби работно место, само ќе ги унапредиме и ќе создаваме подобри услови за работа – рече Бузаку.

Тој му даде рок од 72 часа на Реџепи да поднесе оставка, а во спротивно, како што рече, поседувал „страшни докази и факти за кои ќе се чуди цела Македонија, нашата држава“.

Превирањата во ИВЗ настанаа откако во април Бузаку се прогласи за нов поглавар, но сепак Ријасетот застана зад Реџепи.