Економија Поевтинуваат 98-октанскиот бензин и мазутот

Поевтинуваат 98-октанскиот бензин и мазутот

Фото: Мета.мк

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) на Република Северна Македонија донесе oдлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 отсто во однос на одлуката од завчера.

Според најновата одлука, од полноќ бензинот Еуросупер БС-98 ќе се продава за два денара по литар помалку, односно ќе чини 92 денари за литар. Ќе поевтини и мазутот, па од полноќ ќе се продава по цена од 45,962 денари за килограм.

Цените на бензинот Еуросупер БС-95, на дизел горивото и на екстра-лесното масло за домаќинство остануваат непроменети, односно Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 91,5 денари за литар, дизелот за 93 денари, а екстра-лесното масло за 88 денари за литар.

Одлуката се темели на фактот дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,881 отсто, кај дизелот за 1,145 отсто, кај екстра-лесното за 1,165 отсто и кај мазутот намалувањето е за 2,707 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,517 отсто.