Хроника Под дејство на алкохол, тепал и гризел полицајци

Под дејство на алкохол, тепал и гризел полицајци

Вчеравечер, во два часот по полноќ, во угостителскиот обект „Дац“ во Чашка, физички биле нападнати двајца полициски службеници. Полицајците интервенирале по претходна пријава за нарушување јавен ред и мир од В.Б. (55) од Чашка, кој бил под дејство на алкохол. Тогаш В.Б. физички го нападнал едниот полицаец, удирајќи го со двете раце во пределот на градите, а другиот полицаец го каснал за левата рака. Откако В.Б. бил приведен во полициската станица, физички нападнал полициски службеник удирајќи го со глава во пределот на градите.