Култура Почнува меѓународна конференција за новите пристапи во археологијата

Почнува меѓународна конференција за новите пристапи во археологијата

Во Археолошкиот музеј на Македонија денеска почнува меѓународната конференција „Еден чекор понатаму: Мултидисциплинарен пристап во археологијата“(One step beyond: A Multidisciplinary approach in archaeology“), на која ќе бидат разменети новите и современи археолошки пристапи и методи и ќе бидат презентирани и претставени разни истражувања спроведени во Чешка, Србија, Турција и во Македонија.

На конференцијата учествуваат археолози од Карловиот универзитет, Универзитетот на Јужна Бохемија, Универзитетот во Хајделберг, Природно-математичкиот факултет од Скопје, Археолошкиот музеј на Македонија, Градскиот музеј – Скопје и од Универзитетот „Евро Балкан“.