Дописници Почнува изградбата на нова автобуска станица во Охрид

Почнува изградбата на нова автобуска станица во Охрид

Од денеска и официјално почнува изградбата на новата автобуска станица во Охрид. Објектот ќе го гради компанијата „Делфина турс“ од Скопје, која со Општина Охрид потпиша договор за градба.

Пред неколку дена е издадено и одобрение за градба, кое е правосилно, со што се отстранети сите пречки за почеток на изградбата на автобускиот терминал.

Рокот за изградба е четири години, по што Охрид конечно ќе добие современа автобуска станица, по светски стандарди.

Една деценија во импровизирани услови, кои ни од далеку не ги задоволуваат потребите на главниот туристички центар во земјава, во несоодветни бараки, со автобуската станица стопанисуваше превозникот „Галеб“ од Охрид.