Македонија Почна средбата на „Родителски пленум“

Почна средбата на „Родителски пленум“

Неколку десетици родители на средношколци од сите училишта во Скопје и во Македонија се собраа пред гиманзијата „Јосип Броз Тито“ да дебатираат за актуелниот бојкот на средношколците, како да им се помогне и кои се наредните чекори што треба да ги преземат.

По завршување на средбата, од „Родителски пленум“ најавија дека преку соопштение ќе ја известат јавноста што било договорено на средбата.