Галерија Почна координативниот состанок на државниот врв за предлозите на Нимиц

Почна координативниот состанок на државниот врв за предлозите на Нимиц

Почна координативниот состанок на државниот врв на кој ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на спорот за името, која ја предложи медијаторот Метју Нимиц.

Во Клубот на пратеници пристигнаа претседателот Ѓорге Иванов, со двајца претставници на неговиот кабинет, премиерот Зоран Заев заедно со министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на состанокот е придружуван од Владо Мисајловски и Александар Николовски, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети дојде со потпретседателите во Владата, Бујар Османи и Хазби Лика.

Од МНР вчера соопштија дека по завршувањето на средбата не е предвидена прес-конференција и изјави за медиумите.