Свет Починатите стерилизирани жени биле затруени со лек

Починатите стерилизирани жени биле затруени со лек

Стерилизирани жени во болница во Индија

Лек со примеси на отровни супстанции е причина за смртта на 13 неодамна стерилизирани Индијки, соопштија денеска властите по стерилизацијата.

Отфрлени се претходните тврдења дека лекарска грешка е причина за смртта на жените.

Индискиот министер за здравје, Амар Агарвал, изјави дека примеса на цинк-фосфат е најдена во лекот, чиј произведувач вчера беше уапсен.

Агарвал додаде дека конечните резултати ќе бидат соопштени в понеделник, додека главниот здравствен претставник на индиската држава Чатрисгар соопшти дека резултатите од аутопсијата укажуваат дека не станува збор за лекарска грешка.

Хирургот кој ги стерилизираше жените и понатаму е во притвор. Тој за пет часа оперирал повеќе од 80 жени, од кои 13 починаа.