Свет Европа Почина уште едно лице повредено во нападот во Лондон

Почина уште едно лице повредено во нападот во Лондон

Жена која е повредена за време на нападот од 22 март во Вестминстер во Лондон, почина денеска, со што бројот на жртвите се зголеми на шест, вклучувајќи го и напаѓачот.

Според полицијата, настрадала Романката Андреа Кристеа, која во тоа време била во посета на Лондон.
Околу 50 лица се повредени во нападот што британскиот државјанин Калид Масуд го изведе со возило во Лондон. Тој прво во возилото прегази луѓе во пешачка зона, а потоа со нож усмрти еден полицаец.

Вкупно 11 лица се уапсени под сомневање дека се поврзани со нападот, но сите подоцна беа ослободени без против нив да бидат поднесени обвиненија.

Нема докази за поврзаност на напаѓачот со Исламска држава.