Свет Свет Почина пејачката Натали Кол

Почина пејачката Натали Кол

На 65-годишна возраст, почина пејачката Натали Кол, ќерка на џез-легендата Нет Кинг Кол.

Натали Кол во 1991 година го сними албумот „Unforgettable… With Love“, кој освои шест награди „Греми“ и се продаде во 14 милиони примероци. Носечката песна на албумот, која е виртуелен дует со нејзиниот покоен татко, стана најголем хит во нејзината кариера.