Забава Почина музичката легенда Џо Кокер

Почина музичката легенда Џо Кокер

Познатиот пејач Џо Кокер починал денеска, на 70-годишна возраст, по кратка борба со болест за која медиумите велат дека била рак на белите дробови.
Британскиот пејач ќе остане запаметен по 40-годишната кариера и по големиот број хитови како „Summer in the city“, „You can leave your hat on“, „You are so beautiful“, „Up where we belong“ и „Unchain my heart“.
Џо Кокер во 2011 година одржа концерт во Скопје, во спортската сала „Борис Трајковски“.