Свет Почина лидерот на авганистанските талибанци

Почина лидерот на авганистанските талибанци

Лидерот на авганистанските талибаанци, мула Ахтар Мохамед Мансур, им подлегнал на повредите добиени на 2 декемри, соопшти портпаролот на авганистанскиот потпретседател, Султан Фаизи, на „Твитер“.

Медиумите на почетокот од неделата јавија дека Мансур е тешко повреден во пукањето кое настана за време на состанокот со талибанските команданти во Пакистан.

Мансур летово беше поставен за лидер на авганистанските талибанци.