Свет Европа Побарано продолжување на вонредната состојба во Франција

Побарано продолжување на вонредната состојба во Франција

Француската влада денеска побара тримесечно продолжување на вонредната состојба, прогласена по терористичкиот напад во Париз, извршен на 13 ноември минатата година, во кој беа убиени 130 лица.

Мерката што владата ја предложи на денешниот состанок треба да ја одобри парламентот.

Вонредната состојба веќе еднаш беше продолжена и треба да заврши на 26 февруари.

Во соопштението, претседателот Франсоа Оланд вели дека тримесечното продолжувањето е оправдано со потребата земјата да се справи со „терористичката закана“.