Свет По земјотресот во Тајван сè уште се трага по преживеани

По земјотресот во Тајван сè уште се трага по преживеани

По вчерашниот силен земјотрес на југот од Тајван, спасувачите денеска се обидуваат од урнатините на една 17-катница да ослободат повеќе од сто лица. Во земјотресот загинаа најмалку 19 лица, меѓу кои и едно 10 дена старо девојче и уште две деца.

Спасувачите велат дека 124 лица сè уште се водат како исчезнати, од кои 103 се многу длабоко затрупани во урнатините од зградата, во која имало речиси сто стана.