Македонија По Стење, нова плажа ќе се гради и во Сливница

По Стење, нова плажа ќе се гради и во Сливница

По комплетното завршување на активностите на плажата во Стење, ќе почне изградба на нова плажа во Сливница, најави денеска премиерот Никола Груевски за време на посетата во ресанскиот крај.

Новата плажа во Стење е во должина од 500 метри, а за двете плажи, издвоени се околу 77 милиони денари.

Во план се и изградбите на плажите во Отешево, Крани, Коњско и во Претор.