Македонија По средбата со Заев, лидерите на заедничка средба со Хан

По средбата со Заев, лидерите на заедничка средба со Хан

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пристигна на средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан. Тој е во придружба на Радмила Шекеринска, Рената Десковска, Дамјан Манчевски и на Оливер Спасовски.

Претходно, еврокомесарот Хан се сретна со премиерот Никола Груевски и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Во придружба на Груевски беа министерот за надворешни работи, Никола Попоски, заменик-министерот за правда, Билјана Бришковска, министерот за здравство, Никола Тодоров, и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протоѓер.

По билатералните средби, за 18 часот е закажана лидерска средба на еврокомесарот со претседателите на четирите најголеми партии во Македонија.