Македонија По празникот, ќе биде позната владината реконструкција

По празникот, ќе биде позната владината реконструкција

Течат разговорите и овој викенд ќе привршат, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со реконструкцијата во владата и преговорите со нови коалициски партнери.

– По завршувањето на празникот 1 мај, ќе информираме за промените во владиниот состав и директорските места. Треба да бидат информирани органите и телата на партиите што сум договорил со претседателите на политичките партии бидејќи разговорите течеа со поединци – одговори на кратко Заев.