Свет Европа По победата на Трамп, шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ...

По победата на Трамп, шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ свикаа состанок в недела

Министрите за надворешни работи на Европската Унија ќе одржат вонреден состанок на 13 ноември, в недела, во Брисел, за да ја проценат ситуацијата по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Шефовите на европските дипломатии ќе се состанат на „неформален“ вонреден состанок за да дискутираат за понатамошните односи меѓу ЕУ и САД.

Во соопштението од германското министерство за надворешни работи се истакнува дека германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмајер, го предложил одржувањето на состанокот.

Шефот на германската дипломатија за победата на Трамп изјави дека „многу од работите ќе бидат потешки“.