Свет Свет По нападот на болница, САД ја повикаа Русија да го заузда сирискиот...

По нападот на болница, САД ја повикаа Русија да го заузда сирискиот претседател

Соединетите Американски Држави (САД) оценија дека се „скандализирани“ од нападот на сириските владини сили врз една болница во Алепо и ја повикаа Русија да преземе нешто за да го заузда својот сириски сојузник, претседателот Башар ал Асад.

Државниот секретар Џон Кери изјави дека тактиката на сирискиот режим е намерно да напаѓа болници во зоната под контрола на бунтовниците.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, исто така го осуди нападот врз болницата, наведувајќи дека за „такви злосторства правдата мора да биде задоволена“.

Во најновиот напад загинаа 27 луѓе, меѓу кои и шест болничари и три деца.