Македонија По целовечерна борба со пламените јазици, изгаснат пожарот во кавадаречко

По целовечерна борба со пламените јазици, изгаснат пожарот во кавадаречко

Пожарникарите во овој реон вчера интервенирале во два наврати, прво во 17:30, а потоа и во 21:30

фото: Митко Јанчев / Фејсбук

По целовечерна борба на пожарникарите од Кавадарци и тим на „Национални шуми“, во 4 часот утрово бил локализиран и вториот пожар кај селото Брушани, информираа во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарникарите во овој реон вчера интервенирале во два наврати, прво во 17:30, кога пожарот бил изгаснат, а потоа и во 21:30 часот кога повторно настанал пожар.

Според oдговорните во ЦУК, во моментов нема потреба од ангажирање на хеликоптери, иако во текот на гасењето во опција било и барањето за ангажирање воздухоплови заради сериозноста на пожарот и непристапниот терен.

Вчера попладне во ЦУК бил пријавен шумски пожар кај селото Брушани, Општина Кавадарци, при што горела нискостеблеста шума и сува трева на површина од 4 хектари.