Свет Европа По 20 дена потрага, пронајдено e мртвото тело на украинскиот фоторепортер Макс...

По 20 дена потрага, пронајдено e мртвото тело на украинскиот фоторепортер Макс Левин

Извор на фотографија: Ukrinform.net

По долгата потрага што започна на 13-ти март, полицијата вчера во областа на селото Хута Межигирска во близина на Кијив го пронајде мртвото тело на украинскиот фоторепортер Макс Левин, јавува Укринформ.

Според информации на Министерството за внатрешни работи во Украина, Макс Левин на 13-ти март заедно со поранешниот фотограф Алексиј Чернишов замина во Хута Межигирска за да направи фоторепортажа на последиците од руската агерсија во Украина. Тие го напуштиле автомобилот и се упатиле кон селото Мошчун откога им се изгубила секаква трага.

Прелиминарните ифнормации објавени од прес-службата на Јавното обвинителство укажуваат дека Левин бил убиен со два крушума од мало оружје од страна на руските вооружени сили, а притоа тој не бил вооружен. Oтворен случај за кршење на законите и обичаите за време на војна од Кривичниот законик на Украина, во тек е предистражна постапка и се преземаат мерки за утврдување на сите околности на кривичното дело.

Името на Макс Левин беше високо препознаено за неговите документарни фотографии како соработник на Ројтерс, Би-би-си, ТРТ Ворлд, Асошиејтед Прес, а неговите фотографии беа објавувани од светски реномирани медиуми како Волстрит журнал, ТАЈМ, Ворлд њуз, Радио Бугарија, Ватикан њуз, а тој работеше и за хуманитарните организации како СЗО, Уницеф и ОН.

Левин зад себе остави сопруга и четири малолетни деца.