Македонија Плоштадот Македонија експресно исчистен од црвената боја на „Шарената револуција“

Плоштадот Македонија експресно исчистен од црвената боја на „Шарената револуција“

Плоштадот Македонија во центарот на Скопје утринава беше целосно исчистен од црвената боја со која „Шарената револуција“ на вчерашниот протест го обои местото каде што пред точно пет години беше убиен Мартин Нешковски, за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ.

По завршувањето на вчерашниот протест, освен екипите на Град Скопје, плоштадот го чистеa и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, и градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.

Денеска на плоштадот има само неколку бледи црвени дамки.

Активистите и граѓаните организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“ и од „Шарената револуција“, вчера на власта ѝ дадоа рок до 18 јуни да ги исполни нивните две клучни барања, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО и да престане политичкиот прогон на демонстрантите.