Македонија Пломп: Постои видлив ентузијазам во државата од работата на новата Влада

Пломп: Постои видлив ентузијазам во државата од работата на новата Влада

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп, кој во име на холандскиот премиер Марк Руте, му честиташе за стапувањето на должноста.

Холандскиот амбасадор, како што соопштуваат во кабинетот на премиерот, изразил големо задоволство од изборот на новата Влада и од нејзината посветеност на реформите.

Премиерот најавил инклузивни политики во државата, со активна вклученост на граѓанското општество и на опозицијата, како и подобрување на добрососедските односи.

– Очекуваме тоа да придонесе Република Македонија наесен да добие чиста препорака за почеток на преговори со ЕУ и отворање на вратите за членство во НАТО – рече Заев.

Амбасадорот Пломп оценил дека постои видлив ентузијазам во државата од работата на новата Влада во првиот месец од формирањето и изрази уверување дека таквиот начин на работа ги отвора перспективите на Република Македонија и на нејзините граѓани.