Дописници Пијан наставник ги претепал учениците од трето одделение во селото Оржаново, Голо...

Пијан наставник ги претепал учениците од трето одделение во селото Оржаново, Голо Брдо

Неколку деца, ученици од основното училиште во селото Оржаново, од областа Голо Брдо во Албанија, завршиле во болница откако биле претепани од наставникот Агим Муча, пишува весникот на македонски јазик „Илинден“.

Децата раскажале како наставникот им ги трескал главите во клупите и ги тепал со стап. Ова не е првпат наставникот Агим Муча да тепа деца.

Децата завршиле во болница. Четири од нив биле потешко повредени.

По добивањето третман во болница Булќиза, три од нив биле испратени дома, додека едното било испратено и задржано во болница во Пешкопеја.