Дописници Петгодишно девојче загина при пад од зграда во Струга

Петгодишно девојче загина при пад од зграда во Струга

Петгодишно девојче синоќа паднало од петти кат од зградата во која живеело со своето семејство и починало. Инцидентот се случил на улицата Ристо Крле во Струга, потврдија од СВР во Охрид.

По несреќата девојчето веднаш било пренесено во струшката болница каде, за жал, лекарите можеле само да констатираат смрт.

На местото на настанот извршен е увид во присуство на јавен обвинител и на полиција.
Од СВР во Охрид велат дека се работи на утрдување на причините како дошло до трагичниот настан.