Свет Балкан Петгодишно девојче загина, а 13 мигранти исчезнаа кај островот Лезбос

Петгодишно девојче загина, а 13 мигранти исчезнаа кај островот Лезбос

Едно петгодишно девојче загина, а 13 мигранти исчезнаа во морето кај грчкиот остров Лезбос, соопшти грчката крајбрежна стража.

Портпаролот на крајбрежната стража, Никос Лагадијанос, изјави дека 11 лица се спасени во морето меѓу островот Лезбос и крајбрежјето на Турција, додека едно лице само допливало до брегот.

Преживеаните им соопштиле дека 13 лица исчезнале.