Свет Балкан Пет загинати и 16 повредени во експлозија во фабрика во Турција

Пет загинати и 16 повредени во експлозија во фабрика во Турција

Во експлозија во фабрика за текстил во Турција загинаа пет лица, а ранети се 16, соопшти турската министерка за труд, Жулиде Сариероглу.

Од јачината на експлозијата, која веројатно е предизвикана од бојлер, во делот од фабриката каде што се продаваат бои се урнал покрив, а оштетени се и возила што биле паркирани во близина.

– Иницијалниот извештај од таа област покажува дека пет работници загинаа, а 16, меѓу кои и граѓани кои во моментот се нашле во фабриката, се повредени – вели Сариероглу.
Повредените се хоспитализирани, но ниту еден од нив не е во критична состојба.