Македонија Пет нововработени лекари во велешката Итна помош

Пет нововработени лекари во велешката Итна помош

Министерството за здравство вчера се пофали дека во Службата за итна медицинска помош во Здравствен дом Велес се вработени нови пет лекари.

„Елеонора, Марјан и Сања се тројца од петте нововработени лекари во Службата за Итна медицинска помош во Здравствениот Дом Велес. Задоволни од условите за работа, практичните вештини и можностите за напредување, тие учат од поискусните колеги. Среќни се дека ја имаа можноста да се вработат во јавното здравство и својата професионална кариера да ја градат во нашата држава. За нив предизвик е да работат во ИМП, која е комплетно реновирана“, порача Министерството за здравство.

За проблемите во кои долги години е заглавена Итната помош повеќепати пишуваа „Порталб“ и „Мета“.