Свет Европа Пет лица убиени во воена акција во Турција

Пет лица убиени во воена акција во Турција

Најмалку пет лица се убиени на југоистокот на Турција по воената операција на турските власти во курдските градови.

Помеѓу убиените има двајца цивили, двајца војници и еден полицаец.

Акцијата на турските власти против приврзаниците на Работничката партија на Курдистан почна пред неколку недели во повеќе градови на истокот на Турција.

Членовите на оваа партија тврдат дека оттогаш се убиени повеќе нивни приврзаници.