Свет Пет лица убиени во пукотница во Питсбург

Пет лица убиени во пукотница во Питсбург

Пет лица загинаа, а неколку се повредени во пукотница источно од Питсбург, јави локалната полиција.

Поручникот Ендрју Шурман од полицискиот оддел за убиства потврди дека доцна синоќа дошло до пукање во општината Вилкинсбург, но оти не е познат мотивот. Полицијата сè уште трага по двајцата напаѓачи.

Шурман, исто така, соопшти дека четири жени и еден маж настрадале во пукањето.

Најмалку три лица се повредени, а очевидци велат дека се испукани најмалку 20 куршуми.