Свет Пет лица убиени во престрелка во Пенсилванија

Пет лица убиени во престрелка во Пенсилванија

Вооружен маж, кој е осомничен за убиство на пет лица на три различни локации во Монтгомери каунти во Пенсилванија, се забарикадирал себеси во дом во Саудертон. Специјалната полициска единица го опколила домот.

Првото пукање е регистрирано во 3.55 наутро во Лоуер Салфорд Тауншип, кој се наоѓа на 45 минути северозападно од Филаделфија. Како што јавуваат локалните медиуми, застрелана жена е најдена на оваа локација.

Половина час подоцна, во 4.25, полицијата добила пријава за пукање во Лансдејл, каде се откриени две убиени лица.

Уште две убиени лица се пронајдени во Саудертон.

Според извори на телевизијата „Еј-Би-Си“ сите жртви за застрелани одблизу. Се претпоставува дека вооружениот маж е воен ветеран.