Свет Во Австралија уапсени пет лица затоа што планирале да се приклучат на...

Во Австралија уапсени пет лица затоа што планирале да се приклучат на ИД

Власта во Австралија денеска поднесе обвиненија против петмина Австралијци кои се товарат дека планирале да се приклучат на Исламската држава.

Лицата официјално се обвинети за планирање влез во странска држава и приклучување кон акти на насилство. За ова обвинетите можат да бидат осудени на доживотен затвор.

Медиумите во Австралија објавуваат дека лицата се на возраст од 21 до 31 година и биле уапсени кога нелегално со брод се обиделе да заминат во Индонезија или Филипините, од каде што планирале да се упатат кон Сирија за да се приклучат на ИД.

Обвинетите биле уапсени во вторникот во градот Кернс, во сојузната држава Квинсленд.