Свет Свет Песков: Знаеме за екстремистичките закани, ама не им придаваме значење

Песков: Знаеме за екстремистичките закани, ама не им придаваме значење

Руските власти, вклучително и претседателот Владими Путин, се запознати со медиумските извештаи за закани на екстремистите против Русија, но не им придаваат значење, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Не треба да им се придава значење на овие информации, бидејќи тие нејверојатно се дел од тактиката за терористичко заплашување – нагласи Песков.

Тој посочи дека рускиот претседател редовно добива извештаи за ваквите закани и дека за нив се расправа на состаноците со претставниците на безбедносните агенции.