Дописници Пешевски очекува решенија за вработување за повеќе од првично предвидените 3.000 лица

Пешевски очекува решенија за вработување за повеќе од првично предвидените 3.000 лица

Институциите не успеале да ги комплетираат документите за трансформација на работниот однос, поради што преку законски измени им е дадено уште време. Ова е одговорот на новинарско прашање што го даде вицепремиерот Владимир Пешевски, прашан зошто се продолжува рокот за издавање решенија на договорно ангажираните лица.

– Тоа го бараше самата ситуација на теренот бидејќи комплетирањето на документацијата за овие вработени бара време. Се чини дека тој број ќе биде поголем од 3.000. Со тоа, сакавме да овозможиме сите што ги исполнуваат условите да ги добијат бенефициите од законот – изјави Пешевски.

На денешната собраниска седница, беа усвоени измените на Законот за трансформација на работниот однос на неопределено работно време, со кои наместо за 30 дена решенија ќе се издаваат за 90 дена.

Со Законот, исто така, се овозможи вработување на лицата кои имале прекин на работниот однос поради породилно отсуство. За оваа цел, ќе биде формирана и посебна комисија.