Македонија Перформанс „50 луѓе во стан од 40 квадратни метри“ напладне на Сквер...

Перформанс „50 луѓе во стан од 40 квадратни метри“ напладне на Сквер Јадран

Граѓанската иницијатива „Заслужуваме подобро“ денеска во 12.15 минути на Сквер Јадран ќе одржи перформанс „50 луѓе во стан од 40 квадратни метри“.

Јавното вселуваање на „послушните граѓани“ ќе биде во стан на улица Максим Горки.

Од „Заслужуваме подобро“ велат дека акцијата има цел да укаже на злоупотребите и на изборните манипулации во последните изборни циклуси и на потребата од попис во земјава.