fbpx
Таг: Заслужуваме подобро

таг: Заслужуваме подобро

Перформанс „Македонија вселува – 50 луѓе во 40 квадратни метри“

Десет лица затворени во тоалет, уште десет на трпезариска маса наменета за четворица, 20 луѓе седнати на тросед - ваква беше сликата денеска во импровизираниот стан од картон и од стиропор поставен во непосредна близина на улицата Максим Ѓорѓија (Максим Горки). Со овој перформанс, граѓанската иницијатива „Заслужуваме подобро“ покажаа како изгледа кога 50 луѓе се сместени во стан од 40 квадратни...

Перформанс „50 луѓе во стан од 40 квадратни метри“ напладне на Сквер Јадран

Граѓанската иницијатива „Заслужуваме подобро“ денеска во 12.15 минути на Сквер Јадран ќе одржи перформанс „50 луѓе во стан од 40 квадратни метри“. Јавното вселуваање на „послушните граѓани“ ќе биде во стан на улица Максим Горки. Од „Заслужуваме подобро“ велат дека акцијата има цел да укаже на злоупотребите и на изборните манипулации во последните изборни циклуси и на потребата од попис во земјава.

Стотици граѓани излегоа на протестот „Колку чевли останаа неизносени“

Неколку стотини граѓани денеска се собраа пред Владата на Република Македонија на протестот насловен „Колку чевли останаа неизносени“, организиран од граѓанската иницијатива „Заслужуваме подобро“. - И покрај дождливото време денеска, тука, пред Владата, се собраа неколку стотици граѓани и околу илјада рала чевли, за да го изразиме нашиот револт поради современиот егзодус, масовното иселувањето од Македонија. Тоа го покажуваат и податоците...

В сабота протестен перформанс „Колку чевли останаа неизносени“

Граѓанската акција „Заслужуваме подобро“, в сабота во 12 часот ќе одржи протестен перформанс „Колку чевли остаанаа неизносени“, во кој граѓаните што имаат роднини или блиски луѓе што се иселени од земјата треба да донесат нивен пар чевли. - Народот масовно се иселува, а она што ни остана од нашите најблиски се нивните чевли. В сабота ќе се собереме пред Влада,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...