Свет Пентагон: Убиен е висок член на ИД

Пентагон: Убиен е висок член на ИД

Висок претставник на Исламска држава е убиен при воздушните напади на коалициските сили во Сирија, извршени на 16 јуни, соопшти Пентагон.

Како што јавуваат американските медиуми, станува збор за Тарик бин Тахар ал Харзи, кој работел на собирање средства и доброволци за групата и на транспорт на оружје.