Свет Пентагон го потврди убиството на оперативецот на Ал Шабаб

Пентагон го потврди убиството на оперативецот на Ал Шабаб

Пентагон потврди дека во минатонеделните американски воздушни напади е убиен Адан Гарар, високо позициониран оперативец на екстремистичката група Ал Шабаб.

За Гарар се верува дека бил еден од организаторите на терористичкиот напад на трговскиот центар „Вестгејт“ во Најроби, во Кенија, од 2013 година, во кој загинаа 67 лица.

И пред огласувањето на Пентагон, минатата недела беше објавно дека висок оперативец е убиен, но Пентагон тогаш не ги коментираше информациите.
Во краткото соопштение се наведува дека Гарар е убиен во напад извршен на возило, со кое управувал во Сомалија.