Свет Свет Пентагон бара буџет од 3,4 милијарди долари за 2017 година

Пентагон бара буџет од 3,4 милијарди долари за 2017 година

Американскиот секретар за одбрана, Еш Картер, соопшти дека Пентагон бара 3,4 милијарди долари за 2017 година за да може да се спротивстави на „руската агресија“. Тоа е четирикратно зголемување на средствата во споредба со фискалната 2016 година.

– Сакаме да ја зацврстиме позицијата во Европа за поддршка на нашите сојузници во НАТО – рече Картер во Вашингтон.

Картер рече дека војската на САД се соочува со пет предизвици, а тоа се Русија, Кина, Северна Кореја, Иран и милитантната Исламска држава.