Македонија Пендаровски – Павел: Безбедноста на Западен Балкан зависи од европската перспектива

Пендаровски – Павел: Безбедноста на Западен Балкан зависи од европската перспектива

„Чешка беше меѓу првите земји кои во услови на крајно сложени политичко-безбедносни состојби, какви што беа мигрантската криза и пандемијата со ковид-19, од првите моменти ни пружи конкретна поддршка и помош“, кажа Пендаровски

Фото: Кабинет на претседател на РСП

Со чешкиот претседател Петр Павел сме согласни дека стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан, како и неговиот демократски развој, зависат од неговата европска перспектива, изјави претседателот Стево Пендаровски, на заедничката прес-конференција со чешкиот претседател. Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Република Чешка.

„Тоа е причина повеќе Европската Унија да го зголеми своето присуство во нашиот регион за да го задржи кредибилитетот на процесот на проширување. Нашите народи ги врзуваат силни историски и културни врски низ вековите и јас уверен сум дека Вие, во Вашиот мандат, ќе продолжите да работите за унапредување на нашето пријателство“, изјави Пендаровски.

Тој потсети дека со години наназад, Чешка е значаен и докажан партнер на Македонија во Обединетите Нации, во ОБСЕ, а последниве три години и во НАТО Алијансата.

„Чешка беше меѓу првите земји кои во услови на крајно сложени политичко-безбедносни состојби, какви што беа мигрантската криза и пандемијата со ковид-19, од првите моменти ни пружи конкретна поддршката и помош. Она пак што особено го цениме е недвосмислената и отворена поддршка на македонските евро-интеграции и пристапните преговори кои ги водиме, со цел, имплементирање на сите есенцијални реформи и наша брза интеграција во Европската Унија“, рече Пендаровски.