Македонија Печката на Дрисла е исклучена, црниот чад е од дефектот на филтерот,...

Печката на Дрисла е исклучена, црниот чад е од дефектот на филтерот, велат од Инспекторатот

Црниот чад што излегува од оџаците на депонијата Дрисла е поради дефект на филтерот, велат за „Мета“ од Државниот инспекторат за животна средина.

„Се работи за дефект на филтерот. Дефектот не е голем, туку се појавила пукнатина по што од Дрисла пријавиле до инспекторатот. Дрисла го има делот што треба да се замени и најдоцна за 15 дена ќе биде готово, а можеби и побрзо. Сега е исклучена печката за да се санира дефектот“ велат од Државниот инспекторат за животна средина.

Од таму додаваат дека вршат редовни контроли за емисиите кои ги испушта печката и информираат дека сите до сега биле во граници на нормалата.

Пред два дена на социјалните мрежи се појави видео од оџакот на Дрисла на кое се гледаше како излегува густ и црн чад.