Македонија Павле Богоевски си поднесе оставка како пратеник

Павле Богоевски си поднесе оставка како пратеник

Павле Богоевски си поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието, по аферата со аудио снимката на која се слуша како нарачува „пола“ од нешто, за што подоцна тој кажа дека било масло од канабис.

Оваа негова одлука ја одложи процедурата за одземање на пратеничкиот мандат на избеганиот поранешен премиер Никола Груевски.

Одлуката ја соопшти предмалку на седницата на Комисијата за мандатното-имунитетни прашања во Собранието, на која се одлучува за мандатот на Никола Груевски. Богоевски беше претседател на оваа комисија.

– Колеги пратеници останете верни на принципите. Знам дека политиката е валкана игра – изјави Богоевски.

По оставката на Богоевски седницата на комисијата е прекината, а со неа во иднина ќе претседава неговата заменичка Снежана Калевска – Ванчева.