Македонија Патничките возови во земјава викендов нема воопшто да сообраќаат

Патничките возови во земјава викендов нема воопшто да сообраќаат

Фото: Архива на „Мета“

Патничкиот железнички сообраќај во нашата земја викендов целосно ќе замре. Од Железници на РСМ – Транспорт информираат дека поради воведувањето на полицискиот час од 16 до 5 часот во сабота и недела, се врши и времена измена на возниот ред со која патничките возови во деновите од викендот нема воопшто да сообраќаат. Единствен исклучок ќе биде сообраќањето на патничките возови 661 од Кичево и 645 од Велес, кои во сабота наутро пристигнуваат на скопската железничка станица.

Во понеделник 30 март нема да сообраќа патничкиот воз 661 од Кичево за Скопје, бидејќи претходната вечер нема да отпатува од Скопје поради полицискиот час, информираат од железничкото претпријатие. Од понеделник, сите останати возови во нашата земја ќе сообраќаат по времениот возен ред објавен на 23 март, со кој значително се скрати бројот на возови меѓу градовите поради секојдневната забрана на движење на граѓаните од 21 до 5 часот.