Дописници Партиската поделба на професорите ги подели и учениците во Охрид

Партиската поделба на професорите ги подели и учениците во Охрид

Поделбата на професорите по партиска линија ги подели и ученици од охридската гимназија „Свети Климент Охридски“. Наместо на часови, тие од утрово стојат пред влезот на училиштето и не влегуваат во училниците за да одржат настава. Се солидаризираат со професорите кои вчера стапија во штрајк и покрај ставот на Унијата на средношколци да се оди на настава.

Директорот на училиштето, Ѕвонко Трпески, за порталот „Охрид1“, изјави дека тој разговарал со нив и дека тие го информирале дека и покрај тоа што претседателот на Унијата на средношколци се предомислил и тврди дека е измалнипулиран, тие нема да влезат во училиштето бидејеќи немало комплетна настава.

– Рекоа дека нема да одржуваат настава бидејќи во училниците нема професори заради штрајкот. Ме информираа дека за попладне закажале состанок на Унијата за да не дојде до поделби и меѓу учениците – изјави директорот Трпески.