Македонија Партијата за движење на Турците бара итно извинување од Павловиќ – Латас

Партијата за движење на Турците бара итно извинување од Павловиќ – Латас

Главниот и одговорен уредник Драган Павловиќ – Латас во дневникот на „Сител“ упати огромна навреда кон турската нација, нарекувајќи ги Турците лажговци, вели Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП).

„Ваквиот вокабулар не само што не е професионален, туку е големо омаловажување за целата 300-милионска турска нација и претставува огромен удар врз пријателските односи меѓу Република Македонија и Република Турција. Партијата за движење на Турците во Македонија го повикува Драган Павловиќ – Латас итно да им се извини од сите Турци, а во спротивно ќе покренеме судска постапка“, соопштија од партијата.